ЧЛЕНКА НА ЕУ И НАТО: Хрватска падна ПОД 4 милиони жители, а има и ХАОС во бројот на гласачи

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧЛЕНКА НА ЕУ И НАТО: Хрватска падна ПОД 4 милиони жители, а има и ХАОС во бројот на гласачи

Според последната проценка на хрватскиот Државен завод за статистика, во средината на минатата година, Хрватска имала 4.089.000 жители, што е најмал број во последните 25 години. Според последниот попис во 2011 година, Хрватска имала 4.284.000 жители

Сепак, според демографските проценки, Хрватска падна под четири милиони, бидејќи голем број иселеници не се одјавуваат, а ДХЗ го проценува бројот на жители според бројот на родени, починати, иселени и официјално емигрирани лица, пишува "Вечерњи лист".

За седум години, бројот на деца до 14 години е намален за речиси 60 илјади, a e зголемeн бројот на оние постари од 65 години за повеќе од 74 илјади. Проф. Акрап предупредува дека со учеството на младите луѓе до 14 години може да се види дека многу училишта ќе исчезнат.

Проценките за бројот на жители на ДХЗ покажуваат уште еден апсурд: невозможно е да има 4 милиони и 89 илјади жители, а во исто време 3,774,548 гласачи во Хрватска, според податоците од Министерството за администрација. Таквите бројки би биле можни само ако во избирачи се вклучени и малолетните лица, вклучувајќи ги и децата под 14-годишна возраст. Да не зборуваме дека, според податоците на ХЗЗО, на 31 декември 2018 година имавме 4.146.450 здравствени осигуреници, и толку многу странци кои живеат и работат кај нас, странски пензионери и оние со дозвола за привремен и постојан престој, сигурно не треба да се објасни каков хаос има во податоците - пишува Вечерњи лист.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата