Влезот во ЕУ е како правосмукалка: Хрватска падна на под 4 милиони жители

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влезот во ЕУ е како правосмукалка: Хрватска падна на под 4 милиони жители

Според најновата проценка на хрватското Централно биро за статистика, во средината на минатата година, Хрватска имала 4.089.000 жители.

Ова им е најмал број на жители во последните 25 години.

Според демографските проценки Хрватска годинава паднала под четири милиони жители, бидејќи голем број на емигранти во земјите на ЕУ се уште не се официјално одјавени, проценките на населението на CBS се врз основа на раѓања, смрт, мигранти и емигранти пишува "Вечерњи лист".

Во последните седум години, откако Хрватска е членка на ЕУ,  намален е бројот на деца до 14 години за речиси 60.000, а се бележи значително зголемување на бројот на возраст од 65 годни и повеќе - над 74.000 лица.

"Според мое мислење, сега имаме под четири милиони луѓе и тоа се должи на фактот дека се бележи голем број на иселување надвор од Хрватска, прес се во државите на ЕУ. Но, поважно од бројот на населението е зголемување на старосната структура на населението во Хрватска, на опаѓање на уделот на млади луѓе под 14 години наспроти постари од 65 години години. Тоа со себе носи сериозни економски и социјални проблеми и последици за пензискот и здравствениот систем. По намалувањето на удел на младите луѓе, очигледно е дека многу од училиштата ќе исчезнат ", вели демографот Анѓелко Акрап од Одделот за демографијата на Загреб при економскиот факултет.

Слично мисли демографот Стјепан Штерц, кој тврди дека Хрватска денес има помалку од четири милиони жители.

"Најважен е бројот на децата во основните и средните училишта, бидејќи училиштето секоја година доставува официјални податоци за бројот на учениците и тоа е прилично прецизен податок, според тоа ќе видиме дека во последните 10 години имаме загуба на 83-84 илјади деца во основните и средните училишта. Околу 65.000 деца од основните и средно училиште се иселиле во последните 10 години, а кога ќе се додаде и природниот пад на населението од 150.000 луѓе, во 10-те изминати години имаме загуба на населението над 400.000 жители, или 10 проценти од вкупниот број во Хрватска ", рече Штерц

Весникот вели дека во времето на последниот попис од 2011 година Хрватска имала 100 лица на возраст од 65 и паралелно со тоа 85 деца на возраст до 14 години, додека минатата година  на100 лица постари од 65 години има само 70 деца до 14 години.

Според демографите, ова не е само за намалување на населението,туку опсаност за сите граѓани од причина што нема млада работна сила која може да обебзбеди пензии и социјално осигурување за пензионерите и оние кои не работат и имаат помлаку од 18 години.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата