ПОТРЕСНО: Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ: Татко, ти простувам, иако ме остави

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОТРЕСНО: Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ: Татко, ти простувам, иако ме остави

Малкумина во јавноста за сите овие децении знаеа дека пејачот Шабан Шаулиќ има вонбрачен син, а Шабан за прв пат тоа јавно го потврди пред четири години со констатација дека е тоа дете кое не е родено од љубов. Тоа е мој грев од младоста, изјавил тогаш Шабан а искрено никогаш не сум побарал утврдување дали е навистина мој син иако плаќав алиментација за него се до неговата 18-та година.

Неговиот син Роберт Омалјев (47) кој немал многу контакти со својот татко дошол на погребот на Шабан Шаулиќ и за прв пат во јавноста дал изјава за односите со него, и својот однос кон таткото.

- Немав многу контакти со својот татко но кога од порталите дознав дека загинал бев навистина потресен, затоа што пред се се работи за мој татко и човек кој доживеал голема несреќа. Воопшто не се доумев дали да дојдам на погребот иако немам контакти ни со неговата жена Гордана, како ни со полусестрите Илда и Санела ниту со полубратот Михајло.

Едноставно, вели Роберт, не се пружи прилика да се видиме со години, тој ме напушти и не се лутам на него поради тоа, му простувам и го разбирам дека неговото семејство му било поважно.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата