Мицкоски се потпиша за Силјановска, најави победа и побара нов јавен обвинител по предлог на опозицијата (ВИДЕО)

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски се потпиша за Силјановска, најави победа и побара нов јавен обвинител по предлог на опозицијата (ВИДЕО)

Како граѓанин денеска во подрачната единица на Министерството за правда, тука во општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Македонија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од подрачната единица на Министерството за правда во Карпош.

Сведоци сме на перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите Македонија повторно да заличи на правна држава и демократска е токму победата на идните претседателски избори кои ќе се случат на 21 април, односно 5 мај. Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со професорката Гордана, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она што ќе го кандидира деспотот Заев, СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија, додава Мицкоски.

Доколку владејачкото мнозинство и Зоран Заев веруваат во правна држава нека исполнат барем едно нивно ветување од предизборната кампања, а тоа е да го сменат актуелниот јавен обвинител и да поддржат нов по предлог на опозицијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата