Грција гради камп за 80.000 бегалци на макеоднската граница, кога да ги очекуваме бегалците во Македонија?

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција гради камп за 80.000 бегалци на макеоднската граница, кога да ги очекуваме бегалците во Македонија?

Во Босна во изминатите два месеци биле откриени две лица поврзани со теpopизам кои ја преминале границата, а во услови на неконтролирано масовно движење, бројот на иcлaмисти од Блискиот Исток кои се упатуваат кон Европа може само да се претпоставува

 

Хрватскиот весник Вечерњи лист, повикувајќи се на извори во босанските власти, јавува дека Грција гради два нови кампови за мигранти на границата со Македонија, во кои планира да почне да сместува околу 80.000 илегални мигранти кои сега се распоредени на грчките острови.

Според Вечерњи, босанските власти биле предупредени да се подготват за нов мигрантски бран, имајќи предвид дека движењето на десетиците илјади мигранти многу потешко ќе се контролира доколку тие бидат распоредени во близина на македонската граница, отколку сега, на изолираните острови.

Веќе градат два прифатни центри во близина на македонската граница. Тоа јасно кажува дека се подготвува нов, уште поголем мигрантски бран кон ЕУ, Вечерњи лист цитира извор во босанските власти, кој додава дека од европската мисија ФРОНТЕКС на Босна и било најавено дека земјата нема доволно ресурси да се справи со очекуваниот наплив на илегални мигранти.

Големата мигрантска криза во 2015 и 2016 година, кога беше запрена откако Македонија распореди воени единици и изгради ограда на најдостапните места на границата со Грција кај Гевгелија, а Турција почна да го контролира својот западен брег од каде мигрантите со бротчиња пристигнуваа до грчките острови. Големиот број мигранти кои се најдоа заробени предизвикува постојани тензии на островите, и Владата на Алексис Ципрас е притисната да го реши проблемот во пресрет на изборите кои се очекуваат во октомври. Повторното активирање на балканската рута секако ќе предизвика нова криза во земјите по нејзината должина.

Босанскиот заменик-министер за безбедност Мујо Крешиќ за Вечерњи признава дека земјата нема да може да се справи со бранот.

Мислам дека не сторивме доволно да бидеме подготвени да одговориме на оваа состојба. Има многу слаба комуникација меѓу сите кои треба да одговорат на ова прашање, и сите бегаат од проблемот, сакаат некој друг да го реши, вели Крешиќ. Во Босна во изминатите два месеци биле откриени две лица поврзани со тероризам кои ја преминале границата, а во услови на неконтролирано масовно движење, бројот на исламисти од Блискиот Исток кои се упатуваат кон Европа може само да се претпоставува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата