Сопругата на Котевски вработена во УЈП пред пет дена, тој не коментира во сабота

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата на Котевски вработена во УЈП пред пет дена, тој не коментира во сабота

На социјалните мрежи доцна синоќа се појави информација дека сопругата на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски, Катерина Котевска, од минатата недела е вработена во УЈП.

И викате дека од професионални и морални причини дал оставка Котевски, директорот на затворот во Шутка, м?

Епа чим е дечкото толку голем моралиста, кажете му да биде до крај транспарентен и морален, и да го повлече вработувањето на неговата сопруга во УЈП.Вработена пред 5 дена, пишува во пост објавен пред половина час.

„Република“ стапи во контакт со директорот во оставка Котевски, кој не сакаше во сабота да ја коментира информацијата.

Сабота е, собрани сме седум луѓе, работиме, морам да го завршам она што го ветив. Јавете се во таа институција, има таму директор, рече Котевски мислејќи на УЈП.

На забелешката дека се работи за непотизам ако е вистина дека неговата сопруга се вработила пред пет дена во УЈП, Котевски нè потсети на ветувањето дека ќе го реализира барањето на премиерот Заев да си поднесе оставка.

Јас сум во оставка, за каков непотизам зборувате, рече Котевски, кој не беше во оставка пред пет дена кога наводно била вработена неговата сопруга.

Јавете ми се во понеделник, сè ќе ви одговрам, заврши тој.

Извор: Република

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата