Силјановска предлага селфи и хаштаг #СеПотпишавЗаПравоиПравда за кандидатурата

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силјановска предлага селфи и хаштаг #СеПотпишавЗаПравоиПравда за кандидатурата

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска ги повика подржувачите да излезат во канцелариите на ДИК и да си направат селфи како потврда дека го дале својот потпис за нејзината кандидатура и на тој начин да ги поттикнат и останатите.

Како што веќе најавив, од денес, па во наредните две недели, ќе се одвива постапката за собирање потписи за мојата претседателска кандидатура и тоа во локалните канцеларии на ДИК во вашите места на живеење. Секој ваш потпис ќе значи огромна поддршка и поттик не само за мене лично, туку и за сите наши сограѓани овој процес ќе биде знак дека сме обединети околу заедничката: сите за Македонија, рече Силјановска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата