Град Скопје: По десет години се чистат каналите и езерцата во градскиот парк

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје: По десет години се чистат каналите и езерцата во градскиот парк

Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ спроведуваат акција за комплетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк. Од Град Скопје велат дека езерцата не биле исчистени десет години.

Деновиве се чисти каналот што носи вода до езерото во првиот дел од Градскиот парк. Во акцијата се отстрануваат насобраните лисја, милта, наносите од земја и отпадоците, за да може езерцето да се наполни со вода. Се чисти и каналот што носи вода до целиот езерски систем во паркот. Како дел од овие активности се отстрануваат и исушените и искршени гранки на околните дрвја кои претставуваат опасност за посетителите на паркот.

Град Скопје апелира до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата