Пешак почина по удар од автомобил, возачот е непознат

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пешак почина по удар од автомобил, возачот е непознат

(Фото: Илустрација)

Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје.

Како што соопшти полицијата вчера во жената со иницијали Т.С. удрило непознато патничко возило, управувано од непознат возач.

Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Нов живот“ и „Клисурска“, а жената по ударот била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде по неколку часа била констатирана смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција. МВР јави дека преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата