Претпладне снег, попладне намалување на облачноста

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претпладне снег, попладне намалување на облачноста

Времето денеска е облачно, на повеќе места со повремени врнежи од снег, претежно со слаб, а во западните и јужните делови на места со умерен интензитет. Дува засилен, на повеќе места и силен северен ветер, измерените брзини се од 40 до 80 километри на час.

Управата за хидрометеоролошки работи јави дека кон крајот на денот облачноста почнувајќи од север ќе се намалува.

Максималната температура ќе достигне од минус 5 до 2 степена. Во Скопје, претпладне времето ќе биде облачно со слаби врнежи од снег и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи до минус еден степен.

Од утре следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата