Белгискиот напаѓач Дивок Ориги во деновите на карантин е активен на социјалните мрежи, а дава и одговори на прашања на навивачите. Тој вели дека сака да гледа НБА лига, но не навива за ниту еден тим. Сепак, омилен играч му е Леброн Џејмс. Исто така откри дека името го добил по поранешниот српски кошаркар Владе Дивац, кој во најсилната американска лига играше за Л.А. Лејкерс, Шарлот Хорнетс и Сакраменто Кингс.

„Моето име е изведено од името Владе Дивац. Моите родители го гледаа како игра и му се воодушевуваа. Така одлучиле неговото име малку да го изменат и да ме наречат Дивок“, напишал Ориги кој исто така сподели дека од оние фудбалери кои не играат омилен му е бразилскиот Роналдо, а од активните португалскиот Роналдо.