Мајката на четиримесечното бебе од Кочани е негативна на Кoвид-19

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајката на четиримесечното бебе од Кочани е негативна на Кoвид-19

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот.

Како што информираат од Министерството за здравство, таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на Ковид-19 на 6 април, а резулатите биле готови наредниот ден.

За овој случај, министерот за здравство,  Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.

Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 8 април.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата