Пејачката која ни е чест гостин - наместо да си останеше само пејачка, влезе во реално шоу и покажа дека е хистерична!

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пејачката која ни е чест гостин - наместо да си останеше само пејачка, влезе во реално шоу и покажа дека е хистерична!

Анабела Атијас своевремено позната како Анабела Џогани домашната јавност добро ја знае заради настапите кои често ги има овде. Досега по музичката кариера - прво со својот прв сопруг Гаги како дел од Фанки Џи, а потоа и соло под името Анабела Атијас (презимето и е од вториот сопруг од кого, исто така, се разведе, ама како што таа тврди пак се во љубов). Сега, за жал, медимите се преплавени со вестите за нејзините хистерични испади во реалното шоу Задруга каде се и ќерка и Луна и бившиот сопруг Гаги. Често ни навраќала затоа што имала и дечко од Скопје, и дека се работи за познат скопски угостител. 

„Сами го покажуваат своето вистинско лице. Се излезе на површина. Жал ми е за Гаги, затоа што е неснајден. Се наоѓа меѓу два огна, Луна и Анабела, и не знае на која страна да застане. Анабела очигледно е спремна на се за пари“, вели Џоле Џогани, брат на Гаги и уште додава: „Со лаги не можеш да го градиш животот. Многу ми е жал за нив, но сами си го избраа и животот и работата, сега го прават она што најдобро умеат. Луна после сето ова ќе оздраве. Конечно го исфрли од себе товарот и и се спротивстави на Анабела.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата