Стјепан Бобек, Вукашин Вишњевац и Илија Димоски како тренери ги поставија темелите на еден силен Вардар, а сето тоа го надополни Андон Дончевски во средината на 80-десетите години на минатиот век.

Во стручниот штаб беа и легендарните Мето Спасовски и Кочо Димитровски. Тогаш скопските „црвено – црните“ беа силни, многу силни. Таа генерација на Вардар од 1986/87 просто беше најдобра во екс – СФРЈ.

Генерацијата на Дарко Панчев, таа сезона заврши како прва во поранешната заедничка држава, а еве мало потсетување како беше во есенскиот дел.

Од видеото може да се видат најинтересните моменти од сите поважни натпревари, со посебен акцент на последниот дуел кога Вардар со 2:0 го победи Динамо Загреб и стана есенски првак. Уживање е да се види преполниот  Градски, шампањското, нервозата на чичко Дончо, еуфоријата. Првпат еден македонски клуб стана прв по една полусезона. Видете ја и табелата, прв Вардар, потоа Партизан, Вележ, Будуќност, Осијек, Хајдук…

Гледајте и уживајте…