Како што стојат работите, Жељко Обрадовиќ ги минува последните денови на клупата на Фенербахче.

Сезоната во Турција ќе продолжи, дури и по цена на се игра до крајот на август, така што српскиот стратег ќе го заврши својот договор до крајот на натпреварувачката година, а потоа ќе направи пауза од една година.

Турскиот весник „Сабах“ пренесува дека Обрадовиќ  има преддоговор со Барселона и ќе го наследи својот сонародник на клупата на тимот, Светислав Пешиќ. Пешиќ ќе го заврши својот договор до крајот на летото 2021, по што Обрадовиќ, одморен, ќе седне на кормилото на каталонскиот тим.

Трофејниот стручњак веќе работеше во Шпанија во текот на својата тренерска кариера, како тренер на Хувентуд и Реал Мадрид.