Без фудбал, ФИФА денеска ја објави најновата ранг листа на светѕските репрезентации на која останаа истите параметри како и минатиот месец. Без промени поради пандемијата на коронавирусот и одложените спортски и фудбалски настани, ранкингот е пресликана од минатиот месец.

Македонија е на 68. позиција со 1347 бода, а врвот и натаму го држи тројката Белгија, Франција, Бразил.

Нашиот клучен ривал во плеј-офот од Лигата на нации за место на Еуро 2020, селекцијата на Косово остана на 115. место.