Членовите на Извршниот одбор на акционери на Евролигата денеска имаа видео-конфереенција за да ги споделат новите размислувања за начинот на кој би можела да продолжи сезоната.

Според информациите објавени во јавноста, членовите на Извршниот одбор се согласија за следниве решенија:

– Да се ​​продолжи со едно унифицирано преговарање на ниво на лига со Здружението на играчи на Евролига и Здружението на тренери со цел постигнување договори со обете здруженија.

– Да се продолжи со работа на алтернативни сценарија кои можат да овозможат продолжување и комплетирање на сезоните во Евролигата и Еврокупот, под услов да се воспостават соодветни здравствени и безбедносни мерки за играчите и за сите други учесници.

– Да се ​​работи на колективни среднорочни и долгорочни планови за да се минимизираат негативните економски влијанија и да се зајакне закрепнувањето на клубовите.