Милица Павловиќ и Магла бенд дел од изведувачите на 4. Music Week фестивал

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милица Павловиќ и Магла бенд дел од изведувачите на 4. Music Week фестивал

Неодамна на регионалниот спектакл Music Awards Ceremony добија престижни музички признанија, а во март ќе настапуваат на Music Week фестивалот на Копаоник. Милица Павловиќ и Магла бенд ќе ги забавуваат посетителите на најпопуларниот ски-центар во Сбија во склоп на првиот викенд на Music Week.

Магла бенд, добитници на MAC признание за „Најдобра модерна денс нумера“ од страна на радиостаниците, ќе настапат на 8 март во ексклузивниот простор на свечената сала на хотелот Гранд. Истата вечер настапува и Аца Лукас, а бројот на места е ограничен.

Music Week фестивалот се одржува на Копаоник четврта година по ред во соработка меѓу Скајмјузик и МК Mountain Resort, а љубителите на скијањето и добрата забава ги собира на настапите на најпопуларните домашни и регионални музички ѕвезди.

Владан Савиќ, вокалот на Магла бенд, вели дека Music Week за нив е исклучително важен фестивал и сметаат дека им носи среќа.  

„’Само се ноќас појави’ е песна која ја одбележа нашата досегашна кариера, а првото изведување на таа нумера, како и самата промоција беше токму на Music Week, вели Владан и додава дека Music Week од сите останати фестивали се разликува, пред се, по местото на кое се одржува затоа што луѓето на планина се полни со елан, завртени се кон спортот и убавината на опкружувањето.

„Таму луѓето некако се поинакви. Повеќе се смеат, цел ден се полни со позитивна енергија, а потоа навечер на концерт таа енергија зрачи од нив. Едноставно експлодира. Годинава за сите посетители подготвивме одлична програма, подготвуваме посебен репертоар со ефекти затоа што Music Week тоа го заслужува!“, истакнува Владан и открива дека сака да борда, а планината му буди адреналин.

„Го сакам мирисот на крчма и мирисот на огниште... Нема ништо поубаво кога после скијање ќе се напиеш варено вино или ракија и се смееш со пријателите, па дури и потпевнуваме.“

https://www.instagram.com/p/BuL5qv6oC69/

Ден после Магла бенд и Аца Лукас, на Music Week на 9 март настапуваат Жељко Јоксимовиќ и Милица Павловиќ. Популарната пејачка, која според гласовите на публиката на MAC победи во категоријата „Најдобра модерна и традиционална фолк нумера“ на своите фанови им упати специјален видео повик за Music Week:

https://www.instagram.com/p/BuGqLRToxZT/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=titgmcj87zlp

Вториот викенд на Music Week е резервиран за Парни ваљак и Тропико бенд, 15 март, додека на 16 март ќе настапат Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ.

Од година во година овој фестивал собира се поголем број посетители, а минатата година го посетија повеќе од 8000 луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата