ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Пронајдена мртва жена! Ја нашол поштарот!

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Пронајдена мртва жена! Ја нашол поштарот!

Во Велес вчера претпладне било пронајдено мртво тело на 79-годишната Р. Д. во нејзиниот дом на улица „Јовче Тикваров“. Телото го нашол поштарот кој и носел социјална помош, по што пријавил во полиција. Брзата помош констатирала смрт без траги на насилство. Настанот го потврдија од СВР Велес, од каде што потенцираат дека од увидот е констатирано дека нема траги на насилство, а бил повикан и дежурен јавен обвинител од ОЈО Велес.

Д-р Страхил Тодоров портпарол на ЈЗУ Здравен дом информира дека на барање на полицијата, Брзата помош направила медицинска асистенција и констатирала смрт без траги на насилство.

Од ОЈО Велес информираат дека одлучиле да не вршат обдукција врз починатата оти на нејзиното тело нема траги на насилство.

Ова е трет случај на починат во својот дом, оваа недела. Во понеделникот во стан во Велес беа пронајдени безживотните тела на мајка и син кои живееле сами и неколку месеци не биле видени од никого.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата