Светска банка КОНТРА ЗАЕВ: НАМАЛЕТЕ ДАНОЦИ, ДАЈТЕ ПАРИ ВО ФИРМИТЕ

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светска банка КОНТРА ЗАЕВ: НАМАЛЕТЕ ДАНОЦИ, ДАЈТЕ ПАРИ ВО ФИРМИТЕ

Светска банка предупредува дека во периодот на закрепнување на економијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

Банката од сите влади во овој регион бара брзи и одлучувачки мерки за поддршка на приватниот сектор. Мерките треба да содржат поволни деловни кредити, намалување на даноците или одложувања за плаќањето на некои даноци. Малите и средни претпријатија кои се погодени, би можеле да имаат значителна корист од таргетирани владини субвенции.

„За време на овој исклучително тежок период, од особено значење е креаторите на политики да постапуваат решително. Ова значи одлучни мерки за зајакнување на здравствените системи и системот на социјална заштита, поддршка на приватниот сектор и зачувување на финансиската стабилност и доверба – аспекти кои се клучни за животот на луѓето““, вели Сирил Мулер, потпретседател на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија.

Банката има различни сценарија за економијата во регионот, тие вклучуваат пад на БДП од 4,4 до 2,8% во текот на оваа година заради корона  кризата. За следната година се очекува закрепнување кое најмногу ќе зависи од мерките за поддршка кои ги даваат владите.

За да го стимулира закрепнувањето банката на земјите во равзој ќе им стави на располагање 160 милијарди долари во слендите 15 месеци.

Светска банка ја финализира програмата на активности за помош на земјава за справување и намалување на влијането од коронакризата.

Помошта, како што наведува групацијата во најновиот извештај, е околу 140 милиони евра.

– Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра, стои во објавениот извештај на Светска банка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата