Австралија строго ќе го казнува излегувањето од дома за Велигден

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија строго ќе го казнува излегувањето од дома за Велигден

Австралиските власти се заканија со остри парични, па дури и затворски казни за оние кои без добра причина ќе се најдат надвор од своите домови за време на велигденските празници, со надеж дека на тој начин ќе го запрат ширењето на коронавирусот.

Премиерот Скот Морисон рече во велигденската порака: „Остануваме дома овој Велигден. Не патувајте, не одете никаде“.

Сојузните влади предупредуваат дека оние што ги кршат забраните и одат на непотребни патувања, ќе бидат казнети со над 1.000 австралиски долари и до 6 месеци затвор.

Полицијата на Нов Јужен Велс, наводно, казнувала луѓе што седат на клупи во парк наместо да вежбаат, додека повеќето плажи во Сиднеј се затворени за да се спречат групни собири.

Владата на Нов Јужен Велс започна да казнува со казна од 5000 американски долари за сите што плукаат или кашлаат врз болничкиот персонал или полицијата, откако беа пријавени неколку инциденти.

Се верува дека со строгите мерки за изолација е постигнат одреден успех, со тоа што Австралија регистрирала само 100 нови инфекции во последните 24 часа, што е најниско во последните три недели.

Во Австралија досега се забележани 6087 случаи на зараза и 51 смртен случај.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата