Португалскиот репрезентативец Жозе Фонте, кој е соиграч со Кристијано Роналдо во репрезентацијата истакна дека нема да биде ништо чудно доколку еден од најдобрите играчи на Светот се врати повторно во Реал Мадрид.

„Знам дека го сака Реал Мадрид, тоа е сигурно. Јасно е дека го сака клубот, тоа е еден од најголемите клубови во Светот. Остави таму многу, стекна многу пријатели и отворена врата. Мене не би ме изненадило доколку се врати“, рече Фонте.

Роналдо има договор со Јуве до 2022 година, но се погласни се шпекулациите дека би можел да се врати во таборот на „кралевите“.