Скопските пожарникари ги дезинфицираа патеките и урбаната опрема на кејот на Вардар

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопските пожарникари ги дезинфицираа патеките и урбаната опрема на кејот на Вардар

За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје по вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во градот.

ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ги мие и дезинфицира јавните површини во паркот „Ибни Пајко“.

Во текот на вчерашниот ден, пак, рачно и со посебна опрема беа исчистени и дезинфицирани патеките, клупите, павилјоните, дрвените мостови, детските реквизити и справите за вежбање во трите дела на Градскиот парк, во парковите во Чаир и Ѓорче Петров, во парковите „Македонија“ и „Жена Борец“ и во Рајскиот парк во Аеродром.

Повторно беше извршена и дезинфекција на јавните површини и во СРЦ „Сарај“, во паркот на природата „Гази Баба“ и во парк-шумата „Водно“.

Скопските пожарникари вчера извршија и целосна дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар. Се чистеа и патеките и урбаната опрема.

Во истовреме, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршеа рачно миење и дезинфекција на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“. На градските улици и булевари, пак, се вршеше машинско миење и дезинфекција на коловозите.

Во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје.

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата