Проклетството на Кенедиеви: 13 членови ги загубиле животите – пад на авион, предозиеање, убис*ва...

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
  Проклетството на Кенедиеви: 13 членови ги загубиле животите – пад на авион, предозиеање, убис*ва...

Телата на внуката и правнуката на убиениот американски претседател Џон Кенеди пронајдени се неколку дена откако исчезнале за време на возење со кану. Трагичниот настан само потврдува дека проклетството на Кенедиеви нема крај.

Телото на правнуката Гидео Мекон (8) пронајдено е неколку километри од местото каде што е пронајдено телото на нејзината мајка Кетлин Кенеди Таузенд Мекин, пишува Ројтерс, повикувајќи се на Њујорк Тајмс. Тие во четвртокот отишле да се возат по едно езеро во оваа сојузна држава во близина на Вашингторн и не се вратиле. Со ова исчезнување како да продолжува трагичната судбина на кланот Кенеди, едно од најугледното политичко семејство во САД.

Мејв е ќерка на постарата ќерка од братот на Џон Кенеди – Роберт, министер за правосутство на САД- убиен 1968, пет години по убиството на неговиот брат и претседател на САД Џон Фиджералд Кенеди.

Се започнало кога претседателот на САД Џон Кенеди убиен 22 ноември 1963 година во Далас. Неговиот брат, на когу му се давани шанси да стане претседател на САД, убиен е јуни 1968 во Лос Анѓелос

Трагедиите продолжиле да се нижат и на следните генерации.

Џозеф Кенеди и неговата сопруга Роза имале девет деца од кои дури четири од нив трагично настрадале. Години пред да бидат убиени Џон и Роберт животот го загубил неговиот најстар син Џозеф Кенеди Јуниор, во кого семејството полагале голема политичка надеж и верувале дека токму тој ќе стане претседател на САД.

Тој план е прекинат 1944 со негова смрт. Загинал како пилот во Втората свертска војна. Имал 29 години, а семејството никогаш не го добила неговото тело. Четири години подоцна, исто така во авионска несреќа загинува сестрата на бившиот американски претседател Кетлин. Настрадала на 29 години при пад на авион во Франција, додека патувала од Париз кон Азурен брег. Втората сестра, Розмари, со години страдала од психички проблеми каде што по редлог на доктори и со одобрување од таткото 1941 година подвргната е на лоботомија. Овој зафат целосно ја онеспособило тогаш 24 годишната Розмари. Починала 2005 година на 40 годишна возраст. Седум години пред убиствотона Џон Кенеди неговата сопруга Џеки Кенеди родила мртво девојче. Во 1963 два дена после раѓање поради проблем со плуќа умрел и нивниот син Патрик.

Животот трагично го загубиле и синовите на Роберт Кенеди, Дејвид Кенеди кој никогаш не се опоравил од смрта на татакоси. Умрел 1984 година од предозирање со кокаин, додека другиот син на Мичел загинал 1987 на скијање во Аспен. Имал 39 години.

Трагичниот низ го продолжува внуката на Роберт Кенеди, Серш Кендеи Хил (22) која е пронајдена мртва во семејната викендичка во Хајанис Порт во Масачусетс, а Њујорј тајмс пренесува дека вероватно се предозирала.

Возењето со авион било кобно и за еден од синовите на бившиот претседател 38 годишниот Џон Ф. Кенеди јуниор. Тој во јули 1999 од округот Есекс за Њу Џерси возел мал авион. Во авионот била и неговата жена со нејзината сестра. Додека летале над Атлантикот, било ноќе и магла, Кенеди се дезорјентирал и со авионот се срушил во море. Несреќата никој не ја преживеал.

Втората жена на Роберт Мери Ричардсон Кенеди 2012 извршила самоубиство со бесење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата