Сведоштво на жител од Торино: Мора да разберете дека ова не е игра, вирусот ми го одзеде татко ми, а и јас го потценив

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сведоштво на жител од Торино: Мора да разберете дека ова не е игра, вирусот ми го одзеде татко ми, а и јас го потценив

Јас, како и многу други, го потценив корона вирусот. Мора да разберете дека ова не е игра“, вели Џани Ѕампино во својот апел и додава: “Бидете внимателни, останете дома со своите семејства“.

Вирусот влезе во моето тело и го уби татко ми. Влегува во вас, ве обзема, ги презема вашите бели дробови и дишните патишта, вака започнува приказната за Џани Ѕампино, 40-годишник од Торино, кој е заразен со вирусот, а преку социјалните мрежи сака на сите да им го каже своето искуство и да повика на претпазливост.

Видеото, во кое 40-годишниот Џани Ѕампино го раскажува своето искуство директно од креветот за интензивна нега, привлече големо внимание во Италија, а, како што вели, деновиве е многу актуелно и кај нас.

Минав ноќи со респиратор, не можам да спијам, животот ми се сврти наопаку. Посакувам никој да не ги доживее страдањата што ги чувствував, затоа што ова изгледа како хорор филм, но за жал не е“.

За жал, сè уште не можам да дишам без помош на оваа маска и ноќе морам да носам кацига која ми овозможува да дишам“, рече тој во видеото објавено на социјалните мрежи. „Сакам да го снимам ова видео затоа што гледам дека премногу луѓе сè уште лесно го земаат овој проклет вирус, кој ми го уништи животот за десет дена“.

Во своја приказна, Џани прераскажува дека до пред неколку дена неговиот живот минувал без проблеми. „Имав работа како менаџер, се грижев за татко ми, се занимавав со моето хоби, вклучително и многу спортови. Морам да кажам дека го потценив овој вирус како и многу други. Мислев дека сето тоа е политичка и воена кампања, измама, многу работи“.

Овој вирус влезе во моето тело ѝ ја уби најмилата личност во мојот живот – мојот татко. Сите велат дека овој вирус е обичаен грип. Можам да ви кажам дека не е точно. Влегува во вас, ве обзема, ги зема вашите бели дробови и дишните патишта. Најлошо од сè, е што е непознат. Како можете да го победите противникот кој не го познавате?”. Има малку реални информации, премногу има незнаење. Мојата порака е да бидете внимателни, останете дома со семејствата, гледајте филм, прочитајте книга, играјте друштвена. Само заедно, со следење на овие правила ќе можеме да го вратиме нашите животи во свои раце“, гласи пораката на Џани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата