Пејачот Р Кели обвинет за сексуални злоупотреби

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пејачот Р Кели обвинет за сексуални злоупотреби

Пејачот Р Кели е обвинет сексуална злоупотреба на жени и тинејџерки, објавија американските медиуми. Тој се товари со 10 точки од обвинението за тешки криминални сексуални злоставувања, особено на деца.

Р & Б ѕвездата, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, никогаш не бил осуден и претходно ги отфрлил сите наводи.

52-годишниот пејач се очекува да се појави пред судот во Чикаго, каде што живее, на 8-ми март.

Според американските медиуми кои виделе судски досиеја, има четири наводни жртви, кои биле на возраст од 13 до 16 години, во времето кога пријавиле напад од страна на пејачот.

Кели, чиј најпознат хит е песната “Верувам дека можам да летам”, се соочи со бројни обвинувања за сексуална злоупотреба, непристојни фотографии на деца и други престапи.

Во 2017 година, Кели ги негираше тврдењата дека држи голем број млади жени во т.н. култ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата