Електрични оргазам ќе имаат концерт, ама на друг датум и на друго место

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Електрични оргазам ќе имаат концерт, ама на друг датум и на друго место

Како што и најавиja, мартовските концерти што од Авалон продукција ги одложија заради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови датуми, а концертот на култните Електрични Оргазам ќе има и нова локација.

Ве информираме дека славеничкиот концерт на “Оргазам” се одлучивме да го направиме на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори на кој ќе настапат легендарните Placebo, велат од Авалон.

Електрични Оргазам ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.

Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата