ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 18 НОВИ ЗАРАЗЕНИ од коронавирус во Македонија

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 18 НОВИ ЗАРАЗЕНИ од коронавирус во Македонија

Двајца пациенти позитивни на коронавирусот починаа во последниве 24 часа, дознава Алсат.

Како што информира Алсат еднио од починатите е од Куманово, а другиот, чии информации дополнително беа доставени, е од Кавадарци.

Вкупниот број на починати до овој момент изнесува 28 лица.

Според информациите до кои дојде Алсат, во изминативе 24 часа утврдени се и 18 нови пациенти, позитивни на вирусот Ковид-19.

Поточно, 17 од тестовите се направени во Институтот за јавно здравје, а еден во лабораторијата „Авицена“.

Со ова, вкупниот број заболени во земјава е 617 лица.

Од информациите може да се забележи намалување, односно стабилизирање на бројот на новодијагностицирани случаи.

Извор: Алсат

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата