Спасиле див волк од замрзната река мислејќи дека е куче

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасиле див волк од замрзната река мислејќи дека е куче

Работници кои работеле на брана на реката Парну во Естонија, мислеле дека спасуваат куче од замрзнатата река, не знаејќи дека всушност во нивниот автомобил ставиле див волк, пренесе Би-би-си.

Откако пробиле пат низ мразот, тие го земале замрзнатото животно и веднаш го однеле на ветеринар. Дури тогаш, кај ветеринарот забележале дека се работи за волк, а не куче.

Здружението за заштита на животните на Естонија соопшти дека волкот имал низок крвен притисок кога пристигнал кај ветеринарот, што ja објаснува неговата мирна и послушна природа, кога луѓето го носеле во автомобилот за да го стоплат.

„Тој беше мирен, дури легна на моите нозе. Кога сакав да ги помрднам, за момент ја исправи главата“ рекол еден од спасувачите.

Според ветеринарите, се работи за локален млад ловец, познат меѓу волците во регионот, на возраст од околу една година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата