Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт ќе добие пониска плата за 30 проценти.

Ова е денешната одлука на ФА, која во договор со Саутгејт, кој ги предводи „Трите лава“ од 2016 година, реши да заштеди на средства во период во кој нема спортски активности. Саутгејт има годишен договор вреден три милиони фунти, додека неговиот колега на клупата на дамите, Фил Невил заработува 300 000 фунти годишно. Намалувањето нема да го заобиколи и Невил, чија плата исто така ќе се намали за 30%.

„Овие се предизвикувачки времиња и не беше лесно да се донесат овие одлуки“, рече главниот извршен директор на ФА, Марк Булингем .

Сите вработени во ФА кои имаат годишна плата од 50.000 фунти или повеќе, ќе добијат привремено намалување на платите за 7,5%.