Да, и дефинитивно не е забрането да се сонува. Информациите од Италија говорат дека Интер има намера да тргне по Лео Меси, и дека има намера да го доведе најдобриот фудбалер во светот, но тоа би се случило во јуни 2021 година. 

И таа информација излезе директно од устата на Масимо Морати, некогашниот прв човек на Интер, кој во свое време потроши близу 2 милијарди евра на засилувања, а во 1997 година го направи спектакуларниот трансфер на бразилскиот Роналдо од Барса во Интер.

„Воопшто не е забрането да се сонува за таков трансфер. Лео влегува во последната година од договорот со Барселона, и секако дека Интер има намера да го доведе следниот јуни. Не знам дали оваа ситуација со Ковид-19 нешто менува, но сметам дека ќе се случуваат многу чудни работи до крајот на годината“, вели Морати кој се уште има важна улога во креирањето на политиката на Интер, иако не е веќе претседател на клубот.

Кога се ќе се анализира се што се случува со и околу Меси и Барселона, сепак се чини дека овој трансфер и не е така „научна фантастика“. Познато е дека Меси со првите луѓе на Барса ни одалеку не е во така добри односи. Тој никако не успева да пронајде заеднички јазик со луѓето од клубот и да потпише нов договор. 

Е сега дали е ова само „приказна“ на Морати со оглед на тоа дека се прави „дил“ меѓу Барса и Интер за Лаутаро, или пак има тука нешто, којзнае. Интересно е тоа што за ова не коментираат кинеските газди на Интер, не коментираат ни тренерот Конте и спортскиот директор Марота, туку Морати.

Малку е чудно, но… секогаш има едно но кога станува збор за таков човек од типот на Масимо Морати.