Во отсуство на вистинското уживање и „шлагот“ на сезоната, фајнл-фор завршницата која требаше да се одигра во Задар и тоа викендов што измина, СЕХА-лига го пушти традиционалниот магазин.

Покрај петте епски мечеви, регионалното натпреварување ги одбра седумте величенствени кои оставија белег во изминатите сезони.

Во „Дрим тимот“ се најдоа голем број на некогашни членови на Вардар и еден сегашен ракометар. Гледајќи го интересниот видео-запис очекувавме дека капитенот на македонскиот првак, Стојанче Стоилов ќе се најде во овој идеален тим, сепак СЕХА му даде предност на Растко Сотјковиќ.

Голман: Арпад Штербик, Лево крило: Тимур Дибиров, Десно крило: Златко Хорват, Лев бек: Момори Илиќ, Среден бек: Игор Карачиќ, Десен бек: Данис Кристопанс, Пикер: Растко Стојковиќ.

Во продолжение уживајте во интересните детали…