Димитров во официјална посета на Бугарија

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров во официјална посета на Бугарија

Министерот за надворешени работи, Никола Димитров, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, в понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.

На средбата со домаќинот Захариева, ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес. Во рамките на посетата, предвидено е Димитров да биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Посетата се реализира само неколку дена по ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата