Незадоволен работник го искрши и запали камионот на шефот

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Незадоволен работник го искрши и запали камионот на шефот

Во сплитски Варош, во Хрватска, незадоволен градежен работник од својот статус, прво ги искршил стаклата на камионот на шефот, а потоа го запалил, пренесе Далматински портал.

Во близина имало неколку плински боци, но за среќа била избегната вистинска катастрофа. Како што рекле сведоци на инцидентот, човекот, кој го запалил камионот, мирно стоел и гледал како огнот го голта возилото.

„Две години не сум добил плата. Спиев во контејнер, добивав само еден седнвич дневно“ сведоци ги прераскажале неговите зборови.

“Беше многу страшно, можеше се да одлета во воздух. Под камионот имаше боци со бензин, а во близина голем број на плински боци. За среќа, пожарот е угаснат пред да дојде до катастрофа“ рекол еден од сведоците.

Полицијата го привела работникот кој чекал во близина на камионот.

„Поубаво ќе ми биде во затвор“ рекол додека го приведувале полицајците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата