Над 40 работници починаа во Индија од илегален алкохол

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 40 работници починаа во Индија од илегален алкохол

Повеќе од 40 работници на плантажа за чај во Индија, починале од токсичен илегален алкохол. Според информациите, околу 20 работници се наоѓаат во болница и се во критична состојба.

„Досега почина 41 човек по конзумирање на отровна течност“ изјави министерот за енергетика, Тапан Гогои, пренесе Ројтерс. Хоспитализирани се уште 45 лица, а 20 се наоѓаат во критична состојба.

Смртни случаи од илегален алкохол кој локалното население го нарекува „хуч“, се чести во Индија, бидејќи многумина не можат да си дозволат алкохол од индустриско производство.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата