Рафаел Надал, исто како и другите тенисери, со нетрпение го чекаат продолжението на сезоната која е прекината најмалку до 13 јули. Освојувачот на 19 грен слем титули се обидува да ја задржи својата форма на различни начини и да не се оддалечува од тенисот, и покрај условите на изолација.

Со оглед на тоа што неговите спаринг опции во моментов се благо ограничени, 32-годишниот Шпанец реши да игра тенис (сосема поинаков од стандардоте) со неговата сестра Марија Изабел, а видео од нивниот „натпревар“ се појави на Твитер.