Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јошитака Сакаруда задоцни на состанок во Собранието, па морал да се извини. Тоа е трет пат за три години, пренесува Би-би-си.

Јапонскиот министер задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извинил, бидејќи вчера задоцнил три минути на состанок во Собранието.

Опозицијата го опишала доцнењето како знак за непочитување на функцијата која ја врши и затоа го бојкотираа состанокот на буџетската комисија.

Сакурада вчера беше цел на жестоки критики во јавноста, а ова му е, како што пренесуваат медиумите, последен во низата гафови.

Минатата недела изјавил дека се чувствува изневерен зошто талентирана јапонска пливачка соопштила дека има леукемија. Неколку дена подоцна се извинил под притисок на јавноста.

Пред три години Сакурада, жените кои за време на Втората светска војна биле присилени да пружаат сексуални услуги на јапонските војници, ги нарекол професионални проститутки. Сакурада ја обавува и функцијата министер за сајбер безбедност, а лани изјавил дека никогаш не користел компјутер и дека му е драго што тој дел од работата секогаш го префрлал на соработниците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата