Дали ќе се заразиме ако во продавница допреме нешто што е контаминирано со кopoнaвиpyc? ЕВЕ ГО ОДГОВОРОТ

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали ќе се заразиме ако во продавница допреме нешто што е контаминирано со кopoнaвиpyc? ЕВЕ ГО ОДГОВОРОТ

Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, докторка од Белград за „Спутник“, одговорила на прашањето што ќе се случи ако во продавница допреме нешто што на себе има патогени на коронавирусот?! Самоизолацијата, социјалната дистанца и седење дома се апсолутно неопходни средства во борбата против коронавирусот. Меѓутоа, неопходно е барем еден член на секое семејство да отиде во набавка, каде е неизбежен контактот со артикли кои ги допираат повеќе луѓе, пренесува „Мондо“

Што да правиме во случај ако додека пазаруваме допреме нешто заразено? Одговорот на тоа прашање го дава Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.

„Дури и ако вирусот е на кожата, тоа не е влезно место. Ако ги измиете рацете после тоа, тоа е превентивна мерка која одговара. Само е важно со контаминираната рака да не ги допирате устата, носот, респираторниот тракт воопшто“, вели таа.

Д-р Кисиќ-Тепавчевиќ објаснува и кои мерки треба да ги преземеме кога станува збор за намирниците, но и кесите од продавниците.

„Јас се однесува исто како и досега. Кога ќе се вратам од набавка, ги оставам кесите, ги вадам намирниците и потоа ги мијам рацете. Нема да се заразите дури и ако кесата ја ставите во уста, а не верувам дека тоа го правите. Суштината е во хигиенските мерки, а се однесуваат на редовната хигиена на рацете. Дури и ако предизвикувач на инфекцијата се наоѓа на рацете, нема да се разболиме ако не ги допираме устата или очите, односно ако не го внесеме респираторно или конјуктивно“, вели таа.

А дали ќе се заразиме ако изедеме нешто што на себе го има вирусот?

„Не, нема да се заразиме, бидејќи е утврдено дека на тој начин не се предизвикува болеста. Првобитните хипотези беа дека овој вирус за прв пат се пренел преку намирниците од пазарот во Вухан. Меѓутоа, истражувањата ја исклучија таа можност“, додава таа.

Заменичката-директорка на Институтот за јавно здравје „Батут“ рекла дека е забележливо оти поголем број на луѓе почнале подолго да ги мијат рацете, отколку пред појавата на епидемијата.

„Поголем дел од луѓето сега почесто ги мијат рацете, и се надевам дека тоа ќе остане пракса и кога сето ова ќе заврши“, додава таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата