Грицкањето нокти не е само гадна навика, ТУКУ И МОШНЕ ОПАСНА особено сега при пандемија на КОРОНА

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грицкањето нокти не е само гадна навика, ТУКУ И МОШНЕ ОПАСНА особено сега при пандемија на КОРОНА

Грицкањето нокти е честа навика кај децата, но и кај возрасните, а токму таа може да има лоши последици во текот на пандемијата на коронавирусот.

Светските експерти, но и проф. д-р Горан Белојевиќ, специјалист по хигиена изјавил дека оваа навика е еден од најлесните начини за добивање на коронавирусот.

Баш поради тоа, познатиот специјалист во областа на алергијата и заразните болести во Лондон, советува дека луѓето мора да се одвикнат од грицкањето нокти затоа што доколку не го направат тоа, ризикот од добивање коронавирус е многу поголем од вообичаено.

Овој ризик е уште поголем доколку редовно не ги миете вашите раце па кога со такви раце ќе го допрете вашето лице, а особено устата – тоа е рецепт за директно пренесување на врусот.

-Многу е важно да се одвикнете од грицкањето нокти. За жал, многумина тоа го прават несвесно и не се свесни за последиците кои што може да ги добијат. Доколку ја имате оваа навика тогаш може да ви помогне носењето ракавици. Во одвикнувањето може да ви помогне и џвакање гума за џвакање, појаснува докторот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата