Легендарниот Коби Брајант, очекувано влезе во Куќата на славните. Денеска и официјално се објавени имињата на класата 2020 година, за жал, легендарниот кошаркар посмртно ќе се најде во Спрингфилд.

Друштво на ѕвездата која трагично го загуби животот ќе му прават Тим Данкан и Кевин Гарнет, како и Руди Томјановиќ, Ким Малки, Еди Сатон, Тамика Качингс и Барбара Стивенс.

Официјалната церемонија е закажана за 29. август.