ЕКСКЛУЗИВНА ФОТКА: Еве како се забавувале пејачите додека за остатокот од Србија има забрана за движење

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕКСКЛУЗИВНА ФОТКА: Еве како се забавувале пејачите додека за остатокот од Србија има забрана за движење

Фотографијата објавена на Курир.рс покажува што се случувало зад вратите на луксузниот белградски хотел во кој се уапсени 20 лица за прекршување на здравствените прописи.

Меѓу уапсените се фолкерот Џани со сопругата, синот и снаата, потоа неговиот колега Митар Мириќ и фудбалерот Александар Пријовиќ.

Тие заедно со останатите гости кои може да се забележат на фотографијата не ја почитувале забраната за движење од 17 до 05 часот наутро, па заради тоа сега им е одреден притвор од 48 часа, а потоа против нив ќе биде покрената и кривична пријава. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата