Овој викенд требаше да се одигра фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Но поради коронавирис, како сите останати спортски настани е откажана.

Токму во чест на овој настан одлучивме да се вратиме години наназад, поточно на првото финале во регионалното натпреварување. Главни актери на теренот во „Арена„ беа македонските тимови Металург, кој во сезоната 2011/12 беше актуелен првак во нашиот шмпионат и Вардар Про.

Тимот од Автокоманда го водеше Лино Червар, додека на клупата на „црвено-црните“ беше Веселин Вујовиќ. Првата историска титула во СЕХА-лига му припадна на Вардар Про славеше со 18-21.

Никој не очекуваше ваква завршница, фаворитската улога ја имаше ППД Загреб, на второ место беше Металург, кој претходно во полуфиналето, Металург беше подобар од Татран Прешов со 26-25, додека Вардар Про го совлада ППД Загреб 29-30.

Во продолжение погледнете ја комплетно пресметката меѓу двата македонски претставници, како и составите со кои настапија. Од Стевче Алушовски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Петар Ангелов, Дејан Манасков до Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ, Филип Лазаров, Гоце Ојлески, Илија Абутовиќ, Страхиња Милиќ…