Австрија бележи значително забавување на растот на бројот на заразени со коронавирус

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австрија бележи значително забавување на растот на бројот на заразени со коронавирус

Австрија бележи значително забавување на растот на бројот на заразени со коронавирус, соопшти австрискиот министер за здравство, Рудолф Аншобер.

„Најновите податоци покажуваат дека мерките што ги избравме во Австрија даваат резултати“, рече тој.

Додаде дека сега е потребно овој тренд да се „засили и стабилизира“ и во исто време ги повика австриските граѓани да продолжат да држат социјална дистанца, и покрај пролеттта

„Сега не смееме да ризикуваме, туку, поттикнати од успехот, мора да го продолжиме маратонот на мерките“, предупреди австрискиот министер за здравство.

Според Аншобер, дневното зголемување на заразените лица во Австрија опаднало под десет проценти во однос на периодот од пред три недели кога дневниот раст бил 40 проценти.

Министерството за здравство денеска објави дека во Австрија има 11.781 заразени лица, а досега умреле 186 лица.

Австрија е меѓу првите европски земји што воведе строги правила во врска со ограничувањата на движењето и социјалните контакти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата