Кои се новите заразени медицински лица

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кои се новите заразени медицински лица

Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот, потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

Посочи дека досега во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.

– Во Здравствен дом Скопје дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета, рече д-р Исјановски.

Додаде дека дезинфекција е извршена и во останатите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата