Мароканскиот дефанзивец од екипата на Реал Мадрид, Ашраф Хакими потпишал нов договор со тимот до летото 2023 година, пренесува „Марка“. Тој во моментов игра во Борусија Дортмунд до крајот на сезоната како позајмен играч.

Со неговите извонредни настапи со жолто-црниот дрес во последните две сезони, играчот од средниот ред го привлече вниманието на голем број европски гиганити, но Зидан беше решен да го врати на „Бернабеу“ уште ова лето.

Ако веста за новиот договор добие потврда и од клубот, Реал Мадрид сигурно не размислува да го продаде, туку напротив да го врати во тимот за следната сезона.