Во морето лоши вести во светот и земјата, поврзани со Ковид-19, конечно една добра од Академија Пандев. А таа е дека најдобрите фудбалери на овој клуб Љупче Дориев и Ѓорѓи Стоилов, се во фаза на целосно заздравување и дека кога ќе продолжи првенството ќе бидат фит и ќе бидат во тимот на стратегот Александар Таневски. Да потсетиме пред прекинот Дориев ја повреди задната ложа а Стоилов пак имаше проблем со адукторот. Се чини дека оваа пауза добро им дојде и на двајцата, посебно на Дориев за кој се предвидуваше дека најмалку еден месец па и повеќе ќе биде во аут. Инаку и двајцата веќе работат под специјална програма во карантински услови. 

Се чини паузата поради коронавирусот добро ќе и дојде и на екипата на Академија Пандев, да се консолидира, да се стабилизира по ужасниот старт во пролетниот дел.