Орбан: Унгарците нема да останат без работа

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан: Унгарците нема да останат без работа

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, вети дека Владата ќе отвори толку работни места колку што ќе бидат изгубени за време на кризата поради епидемијата на коронавирусот.

Со ваква содржина тој испрати писмо до генералниот секретар на Европската конфедерација на унијата на синдикати, Лук Висентини, кој поради сериозната состојба со пандемијата, изрази загриженост поради економските мерки кои ги воведе Унгарија. Унгарскиот премиер истакнува дека владините мерки за управување со кризи, пред се се насочени кон одржување на постојните работни места и создавање нови.

Орбан потсетува дека Унгарија за 10 години успеала да создаде успешна економија која резултира со значително намалена стапка на невработеност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата