Првите луѓе на МОТО ГП шампионатот изјавија дека одлучиле да обезбедат финансиска помош за тимовите, земајќи ги предвид одложено време до почетокот на сезоната.

„Тековната појава на коронавирусот влијае на луѓето, индустријата и спортот ширум светот, вклучително и првенството во Мото ГП. Во согласност на ФИМ, Дорна Спорт е горда што може да обезбеди помош за независните екипи од Мото ГП во овој тежок момент за нашиот спорт, како и за екипите во класите Мото2 и Мото3. Независните тимови ќе примаат плати за април, мај и јуни, без разлика дали тие продолжуваат со работата“, се вели во соопштението од Мото ГП.