Фудбалскиот шампионат во Таџикистан ќе започне овој викенд, и покрај растечката глобална пандемија на коронавирус.

Локалниот фудбалски сојуз донесе одлука за започнување на локалната лига, бидејќи нема регистрирани случаи на КОВИД-19 во земјата. Сепак, натпреварите ќе се играат пред празни трибини.

Првиот натпревар ќе биде од Суперкупот меѓу минатогодишниот шампион Истиклол и вториот на табелата, Хучан. Така, Таџикистан ќе биде само четврта земја во која се игра фудбал во моментов. Другите се Белорусија, Никарагва и Бурунди.