(Видео) Полугол маж се шеташе на улица во Мадрид и им се закануваше на полицајците со мечеви

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Полугол маж се шеташе на улица во Мадрид и им се закануваше на полицајците со мечеви

Шпанската полиција уапси маж во Мадрид, кој се шетал на сред улица гол до половина и вооружен со два мечеви.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како шета на средина на улица, која според информациите се наоѓа во мадридската населба Мораталас и како мавта со мачетите. На лице место стигнала полицијата и го уапсила.

Но, наместо да се предаде, човекот почна да им се заканува на полицајците и да го крши стаклото на нивните возила.

Полицијата испалила неколку истрели во воздухот, како предупредување за напаѓачот, кој на крајот е уапсен.

Според наводите од агенцијата „Еуропа прес“, која се повикува на извори во полицијата, напаѓачот тврдел дека е заразен со коронавирус.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата